КФОР: Го разгледуваме барањето за враќање на полициските и воените сили од Србија на Косово

 

 

Меѓународната мировна мисија предводена од НАТО алијансата на Косово, КФОР потврди дека добила барање од Белград за враќање на полициските и воените сили од Србија на Косово.

„Добивме писмо од Србија и во моментов го разгледуваме.КФОР останува крајно претпазлив и целосно способен да го исполни својот мандат на ОН“, изјавија од КФОР за РСЕ.

Српскиот вицепремиер и министер за одбрана Милош Вучевиќ изјави дека припадниците на српските вооружени сили поднеле барање до КФОР за враќање на до 1.000 припадници. Барањето е поднесено на управниот премин Мердаре.

Претседателот Александар Вучиќ претходно изјави дека тоа е направено за да се намалат тензиите на Косово, но и додаде дека КФОР најверојатно нема да го прифати барањето на Србија. Во меѓувреме, во Косовска Митровица синоќа бил уапсен Слаѓан Трајковиќ, еден од припадниците на косовската полиција кои ја напуштија службата, наводно обвинет за воени злосторства. Етничките Срби се на барикадите веќе седми ден.

 

 

16.12.2022 - 17:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега