Кирил Петков: Прва задача – последиците од поплавите, втора – вакцинација
Започна првиот состанок на новиот состав на Советот на министри на Бугарија, со кој претседава премиерот Кирил Петков. Како што јави дописникот на МИА од Софија, прва и главна задача на новата бугарска влада ќе бидат последиците од поплавите. Кирил Петков објави дека во Бугарија има три општини во Благоевград и Смолјан, каде има неколку загрозени мостови.
Втора задача ќе биде вакцинацијата на бугарските граѓани. Тој денеска ќе издаде наредба за зградата на Министерскиот совет и ќе разговара со министрите како тоа да се направи и за другите министерства. Претходно денеска, на првата јавна средба на новата влада со бизнис лидерите и граѓанскиот сектор, познат како „бугарски Давос", премиерот Кирил Петков ги повика бизнисите да помогнат во воведувањето зелен сертификат за постигнување повисока стапка на вакцинација против Ковид.19. Според Петков, зголемувањето на нивото на вакцинација на бугарските граѓани постепено ќе го спречи ограничувањето на бизнисот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа