Коцевски: Ни телефон не му помага на Васо - ги имаме сите докази
Телефонот кој Вас го добил во притворот во Шутка нема да му помогне многу бидејќи Обвинителството веќе ги има обезбедно доказите, вели првиот човек на Државното обвинителство Коцевски.
„Во конкретниов случај не може многу да влијае бидејќи се работи за сообраќајка каде има обезбедено материјални докази, не е спорно дека поминал на црвено светло, ќе се утврди колку бил под алкохол односно колку бил процентот под алкохол. Брзината ќе се утврди како и начинот како возел, така да мислам јавувањето на телефон нема да има суштинско значење во постапката“, вели Коцевски за ТВ 21.
Васил Јованов беше фотографиран во притвор како користи мобилен телефон по што надлежните почнаа голема акција и запленија повеќе уреди, најавувајќи постапки против затворските чувари.
Јованов е во притвор откако на пешачкиот премин кај Силбо ја прегази Фросина кој почина на самото место.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа