Косово обвини: Постоеше српско-руски план за палење на граничниот премин Јариње

 

Косовскиот вицепремиер задолжен за евроинтеграции и дијалог, Беник Бислими обвини дека на вчерашниот протест на српски екстремисти на границата со Косово постоел српско-руски план за палење на граничниот премин Јариње, но Белград се откажал од неговата реализација.

Во денешната објава на неговата страница на Фејсбук, Бислими тврди дека анализата на косовските безбедносни институции покажува дека „вистинскиот автор” на вчерашниот протест на српско-косовскта граница е рускиот претседател Владимир Путин.

Според првиот косовски преговарач во дијалогот со Србија, планот на српско-руските служби за предизвикување поголем инцидент бил осуетен од косовските безбедносни механизми, во соработка со западните сојузници, пред сé со САД.

Тој рече дека, „како што Србија ги има за сојузници Русија и Кина, Косово ги има Западот и САД”.

Косовските институции и амбасадите на САД и на неколку западни земји повикаа на отстранување на барикадите.

19.12.2022 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега