Крај на евтините призводи: "Тему" и "Шеин" ги зголемуваат цените

 


Кинеските онлајн продавници „Тему“ и „Шеин“, познати по своите поволни понуди, следната недела ќе ги зголемат цените на производите поради заострувањето на политиката на американскиот претседател Доналд Трамп за увозните производи со мала вредност и високите царини кои ги зголемија оперативните трошоци на компаниите.

Во слични белешки испратени до нивните клиенти оваа недела, компаниите велат дека ќе ги зголемат цените почнувајќи од 25 април и ги охрабруваат потрошувачите да купуваат „по денешни цени“.

„Поради неодамнешните промени во правилата и тарифите на глобалната трговија, нашите оперативни трошоци се зголемија. Со цел да продолжиме да ги нудиме производите што ги сакате без да го загрозиме квалитетот, ќе ги прилагодиме нашите цени почнувајќи од 25 април 2025 година“, се вели во соопштението на двете компании.

„Тему“ и „Шеин“, кои продаваат производи од играчки до паметни телефони, забрзано пораснаа во САД, делумно благодарение на „de minimis“ ослободувањето што им овозможува да ги задржат цените ниски.

Сепак, нивниот бизнис модел се најде под притисок по неодамнешната извршна наредба на претседателот Доналд Трамп со која се затвора трговската дупка што им овозможи на пакетите поевтини од 800 долари од Кина и Хонг Конг да влезат во Соединетите држави без царина.

Наредбата стапува на сила на 2 мај.

17.04.2025 - 09:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега