Кривокапиќ: Нема да ги потпишам интерпелациите за разрешување министри
Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ денеска изјави дека нема да ги потпише интерпелациите за разрешување министри, предложени од опозицијата, доколку бидат усвоени во црногорскиот Парламент.
Тој истакна дека таа иницијатива била поттикната од партијата која работела против интересите на граѓаните на Црна Гора.
– Не е задолжително да ги прифатам нивните предлози, изјави Кривокапиќ за новинарите по средбата со бизнисмени во Стопанската комора на Црна Гора, објави подгоричкиот портал „Дан".
Тој рече дека е сигурен оти актуелната влада ќе остане.
Пратениците од опозицијата во Собранието поднесоа интерпелации за работата на министерствата за надворешни работи, за образование, за култура, за наука и спорт и за земјоделство.
Во Парламентот претходно беше завршена расправата за интерпелации, а за нив, како што е најавено, ќе се гласа до среда.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа