Крвав пакет пристигна во украинската амбасада во Грција
Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко, изјави дека амбасадата во Грција добила анонимен крвав пакет како дел од „кампањата на терор и заплашување“.
"Пакетот пристигна во украинската амбасада во Атина. Полицијата покрена истрага. Адресата на испраќачот е иста како и на другите пакети од овој тип што пристигнаа во украинските амбасади - продавница за автомобили "Тесла" во германскиот град Синделфинген", напишал Николенко на Фејсбук.
Украинските власти објавија дека голем број европски амбасади добиле крвави пакети, од кои во некои имало животински очи. Вработен во украинската амбасада во Мадрид беше повреден минатиот месец откако експлодираше писмо-бомба, упатено до украинскиот амбасадор во Шпанија.
Николенко изјави дека досега украинските амбасади во 17 земји добиле 28 крвави пакети и две закани за бомби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа