Курти: Ако Србија го нападне Косово, нема да реагираме како држава, туку како албански народ
Премиерот на Косово, Албин Курти зборуваше претходно дека границата меѓу Косово и Албанија била претходно наметната од страна на Србија и Југославија.
Курти вели дека тоа не е граница на албанскиот народ и порача дека ако Белград ја нападне Приштина, тие ќе реагираат како албански народ.
„Границата не е наша. А кога Србија ќе го нападне Косово, ние не реагираме само како Косово, туку како албански народ. Сакаме соработка со Албанија. Проблемот е кога Белград ќе стане и ќе сака да ги поткопа нашите институции, тогаш природно сакаме да бидеме силни“, кажа Курти за грчки „Катимерини“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа