Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ДУИ го заштитија Гаши од одговорност

 

Во одговор на новинарско прашање портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска рече ВМРО-ДПМНЕ заедно со ДУИ и ЗНАМ на вчерашната седница го заштитија Гаши од одговорност за сите скандали. 

- Се враќа неказнивоста од 2016 година на голема врата, функционерите од власта прават што сакаат без да одговараат. Полна му беше устата на Мицкоски со ветувања дека секој што ќе прекрши правила ќе одговара, тие ветувања паднаа во вода, одговорност нема за никого од власта. После ова гласање ВМРО-ДПМНЕ повеќе немаат образ да прозиваат било кого, речеКузеска.

 

04.09.2024 - 12:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега