Ледено утро во Хрватска – температури до минус 15 и силни ветрови
Делови од Хрватска утрово осамнаа оковани во мраз, а температурата е од минус 10 во Загорје до минус 15 на Плашки.
Метеоролозите најавуваат затоплување за утре.
Најстудено е во планинските предели на Хрватска, така што Огулин, Оточац и Босиљево имаат минус 12.
Снег има претежно во планинските предели, околу 20 сантиметри, а поради бурниот ветер затворени се делници од патиштата, претежно на крајбрежјето.
Сè уште е на сила црвеното предупредување на Метеоалармот за Велебитскиот Канал каде се можни удари на ветер до 165 км/ч.
Голем дел од Загреб остана без струја повеќе од еден час пред зори. Дефектот е отстранет во раните утрински часови, пишува загрепски „Јутарњи лист“.
„Загреб холдинг“ објави дека поради дефект во напојувањето во зоната Љубљаница, трамвајскиот сообраќај е во застој во западниот дел на градот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа