Левот оди во историјата: Бугарија го воведува еврото
Во Бугарија е усвоен нацрт-национален план за воведување на еврото од 1 јануари 2024 година, соопштија денеска Бугарската национална банка и Министерството за финансии на Бугарија.
Националниот план за воведување на еврото во Бугарија е стратешкиот документ врз основа на кој ќе се спроведува оперативната работа за замена на левот со еврото. Планот го изработи Координативниот совет за подготовка на Република Бугарија за членство во еврозоната и при неговата подготовка беа следени практики на земјите-членки на еврозоната
Нацртот на Националниот план за воведување на еврото во Република Бугарија ќе биде на јавна дискусија пред да биде доставен на разгледување од страна на Советот на министри.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа