Продавал дрога на деца - падна познат дилер

 

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомнение дека сторило продолжени кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45, како и Овозможување употреба на наркотични дроги согласно член 216 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Во текот на 2024 и 2025 година осомничениот во повеќе наврати неовластено продавал наркотична дрога – марихуана на наркозависници. Во текот на претходната постапка обезбедени се докази и дека за целиот тој период осомничениот во повеќе наврати им овозможувал да употребуваат марихуана и на малолетници на возраст од 14 години. При претрес во неговиот дом на 12 мај биле пронајдени околу 8 грама марихуана кои ги држел за неовластена продажба.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд во Битола поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

15.05.2025 - 18:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега