Лидерите на четири бугарски партии договорија формирање на нова влада
Лидерите на четири бугарски партии соопштија денес дека постигнале договор за формирање нова влада, со што ќе заврши повеќемесечната политичка криза во таа земја.
Договорот за владејачка коалиција е резултат на долги преговори, почнати по парламентарните избори на 14 ноември, третите оваа година.
Владата ќе ја сочинуваат новата центристичка партија Продолжуваме со промената, настаната на бранот масовни демонстрации против корупцијата, потоа Бугарската социјалистичка партија, новата популистичка партија Има таков народ и либералниот предизборен сојуз Демократска Бугарија.
Тие четири политички опции имаат 134 од 240 места во парламентот, кој во понеделник ќе гласа за избор на нова влада, прва во полн капацитет од април.
Според коалицискиот договор, 41-годишниот копретседател на партијата Продолжуваме со промената Кирил Петков ќе биде кандидат на коалицијата за премиер.
Неговата задача ќе биде да ја извлече најсиромашната членка на Еврпската Унија од тешката здравствена и економска криза.
И Петков и другиот копретседател на неговата партија, 44-годишниот Асен Василев, министер за економија и финансии во претходната преодна влада, ја добија довербата на граѓаните со серијата акции против корупцијата и ветувањата дека ќе се занимаваат со злоупотребата на државните фондови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа