Лишен од слобода арачиновец баран за издржување казна затвор од четири години

 

По преземени оперативно - тактички мерки, полициски службеници денеска, околу 08:30 часот во с.Арачиново, го лишиле од слобода А. Б.(40) од Скопје.

Како што соопштуваат од МВР, лицето било барано по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „изнуда“ по член 258 став 2 во врска со став 1 во врска со член 45 став 1 и казна затвор од една година за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Лицето е предадено во Казнено-поправна установа Идризово за издржување на казната.

18.04.2025 - 14:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега