Макрон ја повика Русија да го прифати примирјето
Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика Русија да го прифати предложениот 30-дневен прекин на огнот што го иницираа САД и Украина. Макрон за ситуацијата разговарал со британскиот премиер Кир Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски во своето вечерно обраќање истакна дека со Макрон зборувале за дипломатските напори и техничките аспекти на надгледувањето на евентуалниот прекин на огнот. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха најави дека Кијив веќе формира национален тим за развој на мониторинг механизми за евентуален прекин на огнот.
САД и Украина постигнаа договор за примирје на 11 март во Џеда, но Кијив инсистира на негово стриктно почитување од страна на Москва.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа