Манасиевски: Поранешниот штаб на Палчо е сега сопственост на Левица, во него другар на Апасиев отвори кафуле

 

Деловниот објект кој го купи Левица на Апасиев е поранешен штаб на Палчо, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава дека местото каде се запознале и функционирале убијците на Вања и Панче сега е сопственост на Левица.

„Во истиот објект кој се поврзува со Палчо, Зоран Ивановски, близок човек на Апасиев и член на ЦК на неговата партија сега отворил кафуле – Павилјон 36. Кафулето на другарот на Апасиев е отворено во деловниот простор кој го купила Левица за багатела.

Кафулето на Ивановски, другарот на Апасиев е со иста орнаментика како Левица. Толку од левичарите. И Левица и Апасиев се демаскирани“ напиша Манасиевски.

Според него, излегло дека е голема лага тоа што Левица го лажела сопственото членство со висок морал и скромност.

27.04.2025 - 13:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега