Манекенката која мисли дека го видела Периш во Минхен, заминува за Белград: „Те молам јави се некому бидејќи тој човек го има него како што јас те имам тебе“

 

Манекенката Л.А. која на својот Инстаграм профил објавила дека видела момче во Минхен кое изгледало идентично како Матеј Периш, ги открила сите детали од таа средба.

Како што раскажала, го видела момчето кое личело на исчезнатиот сплиќанец додека шетала по улица со своето бебе.

„Со мене беше и мојата мајка која исто така го виде, а бидејќи чита вести, знаеше како изгледа Матеј и откако покрај нас помина по третпат, ми рече: „Те молам јави се некому бидејќи тој човек го има него како што јас те имам тебе“, мислејќи на неговиот татко Ненад“, рекла таа за „Информер“.

Манекенката објави на Инстаграм дека го видела момчето и ги замолила следбениците да ѝ кажат доколку знаат колку е висок Матеј, за подобро да ги спореди двајцата.

„Се утврди по описот на луѓето кои ми пишаа дека навистина е толку висок. Потоа се обидов да стапам во контакт со полицијата и еден од моите пријатели од светот на модата ми даде контакт, но засега не успеав да зборувам со никого“, вели девојката.

Таа додава дека во недела доаѓа во Белград, за да се обиде да го пријави она што го видела.

11.02.2022 - 22:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега