Матеј по излегувањето од клубот „Готик“ разговарал само со една личност: Откриено со кого
Министерството за внатрешни работи вчера се огласи во врска со исчезнатиот Матеј Периш (27) од Сплит, на кого секоја трага му се губи ноќта меѓу 30 и 31 декември во Белград.
Како што објаснил инспекторот, Матеј по излегувањето од белградскиот клуб „Готик“ имал контакт само со една личност.
Како што навеле, тој кратко разговарал со таксистот кој го запрел на улицата Караѓорѓе.
„Таксистот имал закажано возење и поради тоа не го примил Матеј во автомобилот. Пред и по него нема движење на лица ниту возила кои би довеле до било какви индиции дека станува збор за нешто насилно што се однесува до движењето на Матеј. Исто така, Матеј не бил воочен во ниту еден друг дел од градот“, изјавил инспекторот од српското Министерство за внатрешни работи, па продолжил:
„Дојдовме до сознание дека пред него и после него нема никој кој би го бркал. Нема интеракција со други лица, освен со таксистот во чие такси се обидувал да влезе. И, тоа е единствената интеракција која ја имал според неговиот правец на движење“.
Да ве потсетиме, откако во јавноста протекоа видеата кои го покажуваат Матеј како се обидува да го запре такси возилото, коментарите на социјалните мрежи беа грозни, од тоа: „зошто не го качил во автомобилот, сега би бил жив“, до тоа „зошто таксистот би качил човек по кратки ракави во месец декември“.
Инспекторот на Министерството за внатрешни работи на Србија кој го презентирал и движењето на младото момче непосредно пред неговото исчезнување, објаснил поради која причина таксистот не го качил Матеј и така ги запрел шпекулациите за истиот.
Да ве потсетиме, пријателите на младото момче го пријавија неговото исчезнување на 31 декември во 18 часот, а според неговите зборови тие виделе дека го нема во околу 2 часот и 30 минути по полноќ.
Момчето од Сплит пристигнало во Србија за таму да ги помине новогодишните празници со своите пријатели. Критичниот ден со комби од Загреб пристигнале во Белград каде се сместиле во апартман, кој токму Матеј го резервирал на негово име.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа