Менувал пари во Штип - измамен Турчин за над 3.500 евра
На 19.02.2025 во СВР Штип, 47 - годишник од Република Турција, со живеалиште во Штип, во СВР Штип пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 3.550 евра. Имено, според пријавеното, по претходен договор, на 18.02.2025 на студент од Република Турција со престој во Штип, во неколку наврати на сметка во банка му префрлил вкупно 134.851 турски лири и за возврат друго лице во Штип му дало 71 банкноти во апоени од 50 евра.
Како што е пријавено, откако ги земал парите, се посомневал во нивната исправност и ги проверил во менувачница во Штип, каде што му било потврдено дека се фалсификат. Исто така, според пријавеното, тој стапил во контакт со лицето кое му ги дало парите и откако негирало дека му дало фалсисикат евра, тој со својот адвокат го пријавил случајот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа