Метеоролог загрижен: Ова не е нормално, за каква црна зима ние зборуваме

 

Првите денови од Новата година во Босна и Херцеговина нема премногу да се разликуваат од последните денови на оваа година кога временските прилики се во прашање - ќе преовладува натпросечно топло време и претежно облачно со дожд, а тоа ги загрижува метеоролозите. Исто такво време е најавено и во Македонија.

Метеорологот Недим Сладиќ повторил и предупредил дека ваквите временски прилики не се вообичаени ниту нормални за ова време од годината.

„Наредните денови далеку сме од било какви метеоролошки нормалност. За каква црна зима ние зборуваме кога среде зима имаме пореметување примерено за април месец и денешните облаци со вертикален развој кои по правило е јавуваат во нашите краишта за време на пролет и лето, одноно во потоллиот дел од годината? Не, не е нормално снежната граниа да се подига скоро и до 3300 метри надморка висина во вечерните часови. Не е нормално на планините за Новогодишната ноќ да се очекуваат температури како доцна пролет, наместо како за зима.

Не, не е нормално да имаме скоро 20 степени Целзиусови, па ни у Херцеговина, а кои ги очекуваме на 31.12.2021. Не не е нормално наредниот период да биде од 7 до 13 степени Целзиусови потопло од вообичаеното просечно време од 1981 до 2010 година. Не, сериозно, ништо од наведеното не е нормално“, напиша Сладиќ.

30.12.2021 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега