Мицкоски за Интерпелацијата на Судски совет: Парламентарците треба да одлучат според своја волја

 

Парламентарците треба да одлучат според своја волја, во интерес на државата и граѓаните, истакна на денешната прес конференција премерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.

-Очекувам челеновите на Парламентот да гласаат онака како што мислат дека треба да гласаат во однос на Интерпелацијата на челеновите на Судскиот совет кои што се нивна ингеренција, односно нивнот избор е под ингеренции на самиот Парламент.

Постои основа за критичка дискусија и дебата, за доброто на државата и граѓаните пратениците треба да одлучат по сопствена волја.

Мислам дека има многу основа за една критичка дискусија и дебата, а секој од парламентарците треба да си одлучува според своја волја и онака како мисли треба да одлучи а кое ќе биди добро за иднината на државата и на граѓаните, тоа е суштината.

11.02.2025 - 12:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега