Почина 45-годишен затвореник во кумановскиот затвор
Четириесет и петгодишен осуденик од Гевгелија починал во кумановскиот затвор К’шање, информираше денеска СВР Куманово.
– Денеска во 00:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека во казнено – поправната установа Затвор К’шање починал осуденикот И.П.(45) од Гевгелија. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, информираше полицијата.
По насока на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
11.02.2025 - 16:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа