Минималната плата во Црна Гора од 250 ќе се зголеми на 450 евра

 

Пратениците во Собранието на Црна Гора денеска усвоија сет закони со кои се овозможува зголемување на минималната плата од 250 на 450 евра од 1 јануари 2022 година.

Се укинуваат придонесите за здравство, се воведува неодданочен дел на бруто платите до 700 евра, како и зголемување на даночната стапка на платите над 1.000 евра од девет на 15 отсто, јави Бета. За законите гласаше и дел од опозицијата, тие беа донесени со 50 гласа, иако власта има вкупно 41 пратеник. Промените на збирот закони се дел од програмата наречена „Европа сега".

Одговарајќи на критиките дека немаат пари за овој план, министерот за финансии Милојко Спајиќ одговори дека смета на околу 400 милиони колку што има државни депозити

29.12.2021 - 17:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега