Мислел дека завршил работа - Македонската полиција фати крадец

 

Крадец од Гостивар вчера бил фатен од страна на македонската полиција. Како што информираат од МВР, вчера во 12 часот на улица „Питарница 6“ во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода 68-годишниот Б.Ф. од Гостивар, поради основи на сомнение дека претходниот ден извршил кривично дело „кражба“.

МВР информира дека Гостиварчанецот одзел повеќе предмети од објект во изградба во Гостивар. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.

Б.Ф. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок. 

23.01.2025 - 10:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега