Млада девојка загина: На камионот му отпаднала кабината а од БМВ-то не остана речи си ништо по страшна сообраќајка пред Загреб
19 годишна девојка загинала а уште две лица се повредени во страшна сообраќајна несреќа која рано утрово се случила во близината на Загреб, Хрватска.
Како што јавуваат локалните медиуми, жената била на совозачкото седиште во автомобилот БМВ кој во се уште неутврдени околности прешол во спротивната насока и удрил камион кој доаѓал од другиот правец.
Фотографиите од местото на настанот сведочат за тоа колку бил силен ударот имајќи предвид дека автомобилот ја нема целата своја предница а на камионот му отпаднала кабината.
18.09.2021 - 20:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа