Момче во БиХ убиено од врсник со воздушна пушка

 

 

Малолетник (15) е убиен синоќа во престрелка во Брчко. Неофицијално, момчето било застрелано од врсник при несовесна употреба на воздушна пушка.

Портпаролот на окружната полиција Брчко, Џевида Хукичевиќ, потврди дека синоќа во 19 часот и 51 минути Итната медицинска помош пријавила инцидент во полиција, чии престапници биле малолетни, а кој имал трагичен исход.

Докторката Јасна Брадоњиќ од итната медицинска помош на округот Брчко на БиХ потврдила дека добиле повик во кој се вели дека момчето било погодено при невнимателно користење на воздушна пушка, пренесува Српскаинфо.

Екипата за медицинска помош излегла на терен, а момчето е пренесено во болница, каде дежурниот хирург ја констатирал смртта на малолетното дете“, изјави Брадоњиќ.

04.04.2023 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега