Османи: Кој му даде право на Мицкоски да нѐ стави како истурен играч на „Српскиот свет“ без да ги праша Албанците?
Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи смета дека коалицијата ВЛЕН воопшто не се прашува во Владата за евроинтеграциите на земјава. Му порача и на премиерот Мицкоски дека тој не преговарал со никого за македонскиот идентитет туку за европскиот идентитет на Македонците и Албанците.
– Јас сум спремен да кажам каде можеби сме имале грешки во процесот, доколку има навистина добра волја од двете страни за да се кажат грешките за да се најдеме во средина и да постигнеме компромис. Доколку има волја за државен консензус, да кажеме каде можело подобро. Нема волја за тој процес. Ние се боревме за европскиот идентитет на оваа држава. Аргументите не држат. Единствено решение се предвремени избори и отворање на тој 4-годишен циклус и седнување и решавање на тешки прашања, вели тој.
Се осврна и на Мицкоски: - Тоа би било јас да му возвратам: Kој вас ви дава право да преговарате за мојот европски идентитет? Албанците се прозападно ориентирани. Кој вас ви даде право да не ставите како истурен играч на „Српскиот свет“ без да не прашувате нас? Ако одиме на таква варијанта, мислам дека изјавите од типот на ограничување на легитимитет на министри да зборуваат во име на државата поради етничката припадност е најскандалозната можна изјава што може да се даде…Претераа со создавањето на „монструм“ за омраза кон Албанците, ДУИ и останатите заедници и сега се жртва на тој монструм кој што ги гони, кажа потпретседателот на ДУИ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа