МОН: Повеќе нема злоупотреба на средства за лични хирови како во изминатите 7 години

 

Министерството за образование и наука го отфрла обвинувањата за нетранспарентност во јавните набавки и нагласува дека компанијата Пуцко Петрол е ангажирана при постапка за јавна набавка во која е единствен пријавен економски оператор.

-Склучен е договор за сукцесивна испорака на гориво согласно потребите на МОН. Договорот е со важност од една година и досега, во овие 2,5 месеци искористено е гориво во износ од 57 илјади денари, за 8 возила со кои, вработените во министерството и просветни инспектори ја извршуваат својата теренска работа, се вели во денешната реакција на МОН на обвинувањата од СДСМ.

Во него се додава дека веќе 8 месеци Министерството за образование и наука не троши пари на, како што се вели, лични хирови како што тоа се случувало во минатото, туку фокусот се навистина учениците, наставниците, студентите и професорите и градењето на поквалитетен образовен систем.

-Се работи чесно и посветено, и освен што се враќаат долговите на претходното раководство кои изнесуваат 5 милијарди денари, за оваа година обезбеден е и рекорден буџет од 38 милијарди денари за подобро образование и за развој на научната дејност во Македонија. Залудни се обидите на политичката партија СДСМ да припишува некакви гревови на актуелното раководство на МОН. Јавните набавки се спроведуваат транспарентно, економично и ефикасно и без нарушување на начелата на конкурентноста меѓу економските оператори, велат од МОН.

Според министерството склучениот договор согласно кој во овие 2,5 месеци искористено е гориво во износ од 57 илјади денари, за 8 возила со кои, вработените во министерството и просветни инспектори ја извршуваат својата теренска работа покажува и дека толку се реалните потреби од гориво на институцијата, споредбено со изминатите години.

-Нема користење возила и картички за лични и партиски потреби. Така што, неспоредливи се овие 57 илјади денари со 10-те милијарди кои пратеници – бизнисмени од сега опозициските партии нашле шема да ги испумпаат од државниот буџет во време на нивното владеење. Тие треба да се срамат од своите постапки и секако да одговараат заради труењето на целата македонска јавност, се вели во реакцијата од Министерството за образование и наука.

14.03.2025 - 17:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега