Му исплатила 501,730 денари: Прилепчанец ја уценувал поранешна партнерка со експлицитни фотографии

 


СВР Битола поднесе кривична пријава против К.М.(47) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.

На 29.08.2024, неговата поранешна партнерка пријавила дека во периодот од 2023 до мај 2024 во повеќе наврати преку социјални мрежи К.М. ја уценувал дека ќе објави нејзини фотографии со експлицитна содржина доколку не му даде пари, по што во повеќе наврати и на различни локации му исплатила вкупно 501.730 денари.

12.12.2024 - 16:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега