На пензионерите во Бугарија ќе им бидат давани пари за да се вакцинираат
На пензионерите во Бугарија кои ќе се вакцинираат во следните месеци ќе им бидат исплатени по 75 лева, односно 38 евра, соопштија бугарските власти. Истата програма овозможува и исплата на таа сума за пензионерите кои се вакцинирани со три дози и оние кои веќе се имунизирани. Програмата ќе трае од 1 јануари до 1 јули и се очекува дека бројот на вакцинирани ќе се зголеми за 300.000 лица.
Ова се должи на ниското ниво на вакцинација во Бугарија.
„Покренавме кампања за да ги отфрлиме сите митови за вакцините. Сепак, нивото на вакцинацијата кај нас е најниско во Европа“, рече Кирил Петков. Тој додаде дека активната информативна кампања ќе продолжи.
Претходно денеска, премиерот ја презеде улогата на новинар и направи повеќе од 40-минутно интервју со неговата советничка за Ковид-19, проф. Ратка Аргирова. Во него таа вели дека поради ниското ниво на вакцинација, Бугарија може да стане гето за Ковид-19, што ќе влијае на туризмот, економијата и можностите за патување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа