На српскиот патријарх Порфирија му е забранет влез во Косово и Метохија
На српскиот патријарх г. Порфирија му е забранет влез во Косово и Метохија.
Патријархот, според редовната програма требало да пристигне во седиштето на Српската православна црква, манастирот на Пеќската патријаршија, но бил запрен од властите во Приштина. Според Патријархот оваа одлука е неразумна и неприфатлива.
Патријархот апелира до сите кои имаат моќ во Косово и Метохија, на дело да покажат дека српскиот народ и неговата црква не се лишени од основните права и слободи.
Патријархот го повика српскиот народ, особено тие во Косово и Метохија, да не дозволат оваа провокација да стане изговор за дополнително загрозување на нацијата.
Патријархот рече дека нема да го напушти својот народ и ќе направи се што е можно за да се сретне со нив и заедно со нив да се моли на Бога што е можно поскоро.
<p><span style="font-size: xx-small;">Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа</span></p>