Важна информација: Хаос на границите - се чека и по еден час

 


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Табановце, Богородица и  Дојран зголемена е фреквенција на возила, соопшти АМСМ.

Поради зголемена фреквенција на возила, како што велат од АМСМ, на ГП Табановце за влез и излез од државата времето на чекање е околу 30 минути до 1 час, на ГП Дојран за излез од државата околу 40 минути, додека на ГП Богородица за излез од државата се чека околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

01.05.2025 - 12:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега