Некои тагуваат, други се забавуваат - бизарни сцени од поплавите во Србија
Поројниот дожд кој вчера го зафати Белград го отежна сообраќајот и поплави бројни улици и делови од градот.
Сепак, според видеата и написите во српските медиуми за некои луѓе не е сè толку мрачно – тие нашле начин лошата ситуација да ја претворат во забава.
Утрово на социјалните мрежи кружат бројни видеа од бизарни ситуации на граѓани.
Така двајца момци правеа склекови на Булеварот Крал Александар, а дождот што паѓаше не ги спречи да го направат тоа. Луѓето од автомобилите позитивно реагираа на нивниот потег.
Момчињата од градот Божурња во општина Топола ја искористија поплавената улица да минат низ неа, но и малку да запливаат во добрата атмосфера.
„Кога животот ти дава лимони, правиш лимонада“, „Секогаш ќе бидеме деца. Најсилните“, „Ова само ја потврдува мојата претходна изјава „оваа нација ќе живее“ „Какви кралеви“… беа дел од коментарите под објава на страницата на инстаграм.
Обилните врнежи што ја зафатија Србија доведоа до излевање на реки и потоци, па во 37 градови и општини е прогласена вонредна состојба. Реката го однела мостот во Адране кај Краљево, па сообраќајот на Ибарската магистрала кон Чачак е во прекин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа