Немала друго решение, девојка зафатена од пожарот во хотелот во Турција се јавила на својот татко и донела очајна одлука

 


Севал Сахин, келнерка во хотелот "Гранд Картал" во Турција, скокна од 12-ти кат за да се спаси од пожар. Таа е тешко повредена, но жива.

Севал Сахин (25) скокнала од 12 кат во хотелот Гранд Картал во Турција, бегајќи од огнената стихија која зафаќала се пред неа. Во очајнички обид да си го спаси животот, таа била тешко повредена, јавуваат турските медиуми.

Сахин работела како келнерка во хотелот, а кога избувнал пожарот веднаш го повикала својот татко. За време на видео повик со нејзиниот татко Ердал, девојката донела очајна одлука – скокнала од 12-ти кат.

Сахин, која живее во Бартун, пред месец и половина почнала да работи како келнерка во хотелот.

Кога избувнал пожарот, таа била на спратот каде што престојувал персоналот. Бидејќи не можела да побегне, отишла на горните катови. Во тој момент му се јавила на својот татко и му рекла дека има пожар. Бидејќи немала каде да бега, решила да скокне од 12-ти кат.

Таа е тешко повредена во обид да си го спаси животот и се наоѓа на одделението за интензивна нега во болницата.

Според медиумите, таа има тешки скршеници на различни делови од телото.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја синоќа изјави дека бројот на загинати во хотелот во ски-центарот Карталкаја се искачи на 76, а во врска со пожарот досега се приведени девет лица.

Пожарот избувнал околу 3 часот и 30 минути во ресторан на 12 кат во хотелот „Гранд Картал“ во зимскиот центар Карталкаја во провинцијата Болу.

 

Во моментот на пожарот во хотелот имало 234 лица.

23.01.2025 - 09:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега