Невообичаени облаци над Љубљана по невремето

 

Над делот на Љубљана, по невремето кое виореше низ централна Словенија, се појавиле необични облаци кои наликуваат на меурчиња.

Тоа се облаци од мамматус, наречени млечни облаци. Како што објаснила метеорологот за N1 Загреб, Теа Блажевиќ, овие облаци често се појавуваат на дното на кумулонимбусот и се резултат на турбуленции во олујниот облак што се појавува во нестабилна атмосфера.

Најлесно е да се видат кога сонцето е ниско на небото, објаснила Блажевиќ.

23.06.2023 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега