Невреме и денеска во Македонија - УХМР информира каде наврна најмногу
Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнал во Струмица, четири литри на метар квадратен. Според мерењата на УХМР за наврнат воден талог во изминатото деноноќие, до 8 часот се измерени два литра на метар квадратен во Крушево, а по еден литар во Крива Паланка, Прилеп, Виница, Пожаране и Попова Шапка.
За денеска, УХМР прогнозира променливо облачно време со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе достигне до 23 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа