Трагедија: Петгодишно дете почина четири дена по мајката и братот
Петгодишниот Богомир Поповиќ, кој во понеделникот беше тешко повреден во сообраќајка на Ибарската магистрала, при која на самото место почина неговата 49-годишна мајка Мииљана и 18-годишниот брат Ѓураѓ, почина вчера во Ургентниот центар од тешките повреди.
-Богомир по несреќата во кома е префрлен во Ургентниот центар. Имал повреди на главата, а лекарите 4 дена се бореа за неговиот живот. За жал, вчера утро, околу 6 часот почина - велат од Ургентниот центар.
Страотната несреќа се случи кај Шиљаковац додека четирчленото семејство се враќало од море во Црна Гора.
Зад воланот бил 49-годишниот Владимир кој изгубил контрола над “дачијата“, преминал во спротивната лента и директно се судрил со шлепер од Нови Пазар.
Владимир Поповиќ и натаму е на лекување во Ургентниот Центар.
- Тој повеќе не е во шок - соба. Состојбата му е стабилна и е вон животна опасност - велат од Ургентниот центар во Белград.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа