Еве кога започнуваат попустите во Грција

 

Летните попусти во Грција ќе почнат во вторник на 15 јули и ќе траат до крајот на август.

Националната конфедерација на грчките комори издаде инструкции со кои ги потсети своите членови за нивните обврски при продажба кои се предвидени со закон. За време на попустите, секоа парче стока во прадавниците мора да има две цени-пред распродажбата, која вообичаено е прешкртана, и новата цена со попуст.

За оние кои ќе објават лажни попусти или проценти, следуваат големи парични казни. ЕСЕЕ исто така ги повика потрошувачите да се воздржат од купување стоки од нелегални улични продавачи „кои не нудат квалитет, гаранции или сметки“. 

07.07.2014 - 10:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега