Исчезнатата Ивана била зависна од дрога?
14- годишната Ивана Подрашчиќ, девојчето кое пред три недели го напушти својот дом, за среќа е жива, но одбива да се врати во својот дом пренесува српскиот весник Ало.
Ивана постојано е под влијание на опијати - марихуана и хашиш, а веројатно се крие кај ново момче. Според неофицијални информации, полицијата испрашала повеќе од 10 нејзини пријатели вклучени во потрага по неа и останале изненадени кога дури шест од нив признале дека имале секс со неа.
- Сите оние кои беа испрашувани потврдија дека Ивана консумира марихуана и алкохол. Исто така беа откриени местата на кои Ивана се движела две недели пред исчезнувањето.
- Ивана има проблеми со своето семејство, нејзината мајка е болна, а нејзиниот татко е алкохоличар кој пие се што ќе заработи, поради што таа е препуштена на самата себе, живее во голема сиромаштија вели извор близок на семејството.
За потсетување таткото на Ивана вчера изјави дека воопшто не се грижи за неа бидејќи како што вели тоа се фикс идеи и детски работи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа