Пресврт: Исчезнатата малолетничка не била киднапирана - родителите знаеле

 

17-годишната Марина Стојановиќ по која полицијата трагаше интензивно, конечно е пронајдена. Девојката според податоците на српскиот Курир, избегала со своето момче со кое и порано знаела да замине од дома.

- Малолетничката избегала низ прозорец од куќата во која живее со момче со кое има проблематично минато. Овој случај на ниеден начин и по никаква основа не може да се спореди со исчезнувањето на несреќната Тијана, вели извор за српскиот Курир.

Според податоците, Марина неколкупати се слушнала со своите родители како и со кумовите, па така тие знаеле дека не е грабната. 

- Марина се скарала со татка си, па тој го викнал и нејзиното момче со кое исто така се искарал. Потоа, тие си заминале, вели изворот.

Очигледно е дека родителите ги манипулирале медиумите, додава изворот.

26.08.2014 - 09:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега