Мистерија: Каде исчезна келнерот од Србија?

 

33- годишниот Петар Обренчевиќ келнер на сплавот  Шејк н Шејк исчезна мистериозно ноќта помеѓу 23 и 24 август во текот на работното време. Никој од вработените не забележал дека тој исчезнал па постои можноста Петар, да паднал од сплавот.

Пријателката на Петар, маја Пајиќ за српски Курир вели дека таа ноќ сплавот бил преполн.

-Петар ја работеше својата смена од 21 часот до 4 наутро. Иако имаше премногу гости на сплавот немаше никакви инциденти ниту пак е забелешана било каква ситуација која би дала сомнение дека Петар бил во конфликт со некој од гостите вели Маја.

 

Менаџерот на сплавот Далибор Катиќ вели дека Петар тука започнал да работи пред еден месец и дека немал никакви расправии со никого.

26.08.2014 - 10:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега