Убиецот на Лука „брка" девојки во Будва?!
Осомничениот за убиството на Лука Јовановиќ, Марко Миличев по кој трага Интерпол е виден минатата недела во Будва. Шпекулациите за тоа каде се наоѓа Миличев не престануваат, после Турција, Тајланд, Русија, Иран, овие денови тој е виден во Црна Гора.
- Пред два три дена ни се јави една девојка од Белград и рече дека минатата недела го видела Миличев на плажа во Будва и дека тој дури се обидел да воспостави контакт со неа. Рече дека сто посто е сигурна дека е тој, бидејќи го препознава од фотографиите во медиумите. Рече дека тој делувал многу опуштено и расположено, рекол изворот од безбедносните служби за српски Ало.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа