Хорор во Србија: Мајка и син заедно го убиле нејзиниот љубовник
Мајка и син Рада и Младен Тодоровиќ, беа уапсени под сомнение за убиство на Драгољуб Видовиќ од Бјелина, чие тело беше пронајдено во близина на мостот Павловиќ, потврди денеска полицијата на Бјелина.
Исчезнувањето на Видовиќ (1958) е пријавено на 21 август, а тој како што вели семејството излегол од дома на 18 август и отишол во непознат правец.
Пред два дена неговото тело беше пронајдено во близина на Павловиќ мост, а со аутопсијата е утврдено дека смртта била насилна.
Рада и Младен го признале убиството а полицијата им го одземала автомобилот со кое го пренеле убиениот до нерамнините.
Според непотврдени информации, Рада и Драгољуб биле во љубовна врска, а убиство се случило по нивна караница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа