"Да не бевме на турнирот Тијана ќе беше жива"- потресно сведоштво на најдобрата другарка на Тијана
Најдобрата другарка на Тијана Јуриќ, С.И. (15) вчера била сослушана на судот во Суботица.
-Девојчето беше многу вознемирено. Раскажа дека со Тијана и нивните другари биле на фудбалски турнир во спортскиот центар Рата, а потоа некаде околу полноќ двете заминале дома. Таа вели дека да не биле на тој турнир Тијана сега ќе беше жива. Според изјавата на нејзината другарка, Тијана последен пат ја видела кога се разделиле кај кафаната „Полет“ кога таа заминала да ја врати дуксерката на другарот, изјавил извор за Курур.рс.
Другарката на Тијана изјавила и дека заедно со останатие другари веднаш заминале да ја бараат Тијана, затоа што не стигнала кај другарот на кого требала да му ја врати дуксерката а ниту се јавила дека стигнала дома.
На сослушувањето присуствувал и Виктор Гостиљац, адвокатот на Драган Јуриќ (34) кој не и’ поставил ниту едно прашање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа