ВИДЕО: Кабли со висок напон на електрична енергија под водите во Ксамил!

 

Летните одмори за посетителите на туристичкото место во Албанија, Ксамил можат да бидат фатални, бидејќи под водите на плажите се протегаат кабли со висок напон на електрична енергија, пренесува Курир. 

Еден турист кој што одмарал на Ксамил пливајќи открил дека под водите на плажите на кои што одмараат туристите од целиот регион а посебно од Македонија се протегаат кабли со висок напон на електрична енергија.

Инаку Ксамил поради примамливите цени, чистите плажи и љубезноста на домаќините е едно од најпосетените туристички места на кое се одмараат граѓаните од Македонија.

Ова лето скоро 90 посто од гостите во Ксамил биле од Македонија, стои во една анализа на една локална телевизија од Саранда.

Претходно македонска туристка се пожали дека одморот во Албанија за неа бил шок.

Доживеав шок а планирав супер одмор- исповед на Македонка која летувала во Ксамил, Албанија

03.09.2014 - 14:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега