Во Косово откриена католичка црква од IV век
Турски археолози во Косово откриле католичка црква од IV век, соопшти агенцијата Анадолија.
Екипа турски археолози, предводени од професор Халук Четинкаја од Универзитетот „Мимар Синан“, при ископувањата во античкиот локалитет Улпијана, во близина на Приштина, откриле стара црква. Се смета дека црквата е со должина од околу 19 метри, а следната година се планира целосно да биде ископана.
Халук Четинкаја изјави дека при раскопувањата биле откриени и скелети на многу луѓе. При анализите на некои од скелетите било утврдено дека тие биле закопани на почетокот на V век.
Археологот посочи дека при раскопувањата биле откриени и 101 монети, што датирале од IV век.
Турските археолози својата работа во реонот на Улпијана ја почнаа во 2012 година, вo соработка со косовското Министерство за култура.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа