Босна и Херцеговина пред избори

 

Босна и Херцеговина се наоѓа на праг на избори, кои ќе бидат одржани на 12 октомври.
Подготовката за избори се одвива во тешко време. Земјата ја поделија политички судири меѓу нејзините делови, постои нерамномерност на нивниот економски и политички развој. Република Српска под раководство на претседателот Милорад Додик цело време се обидува да ја зајакне самостојноста на РС, да не дозволи измени на Дејтонскиот договор од 1995 година. Сараево од своја страна, со љубомора се однесува кон јакнењето на РС, смета на изградбата на Јужен тек, автопатишта, електрични централи, изградба на болница во Бањалука. БиХ чуствува сериозни економски проблеми, не може да го намали високото ниво на невработеност.

Покрај тоа, огромна штета на земјата нанесе поплавата која беснееше цело лето. Според прелиминарна оценка, четвртина население на земјата, поточно околу 950.000 луѓе, биле принудени да се евакуираат. За обнова на селата и градовите потребни се големи средства кои државата ги нема.

Подготовката за изборите тече по својот тек, ЦИК ја заврши регистрацијата. На изборите ќе учествуваат околу 50 политички партии од 24 коалиции. На изборите на списокот внесени се имиња на 7743 кандидати за разни изборни должности.

Состојбата е интересна по тоа што изборите во БиХ привлекуваат постојано внимание кај меѓународните организации. И основна е нескриената желба да се промени структурата на власта, пред се во РС. Такви намери постоеја и порано, но не донесоа резултати.

Во Босна и Херцеговина уште во февруари оваа година постоеше обид да се покрене револуција во боја, за да се смени раководството на РС. Веќе тогаш беше јасно дека Западот планирал масовни протести за да се обиде да го промени Уставот на БиХ, па се позабави со прашања за јакнење на единството на земјата и обнова на власта на сите нивоа, вклучувајќи ја во прв ред Република Српска. За среќа, протестите не ја зафатија Бања Лука. Лидерите на РС успеаја да го одбранат својот став: да не дозволат промена на власта и одржување на предвремени избори.

И денес, пред актуелните избори, вниманието на Европа повторно е свртено кон БиХ. На големата конференција на европско ниво, одржана кон крајот на јули во Берлин и посветена на БиХ, беше истакнато дека економскиот и политичкиот развој на БиХ се наоѓаат во длабока криза, дека таму е присутна целосна парализа на власта, дека реформите не се спроведуваат, дека нема политика на дијалог и компромис, дека борбата против корупцијата не донесува резултати. Притоа, политичката елита, како што сметаат Европјаните, се стреми за дезинтеграција на земјата.

Собраните политичари, дипломати, претставници на меѓународните организации, би сакале да покажат на балканските лидери кои ќе дојдат на власт по 12 октомври, дека Европа од нив очекува единство при донесување на одлуките. А одлуките треба да се однесуваат на реформите, управувањето, промени на Уставот, централизација на власта. Во европските структури веруваат дека на октомвриските избори ќе бидат срушени основите на етничките политички партии и блокови, бидејќи народот е незадоволен од власта во земјата. И во тоа ЕУ и САД се подготвени да помогнат на незадоволните.

За сите планови, според ставот на Европјаните, постои сериозна пречка. Секако, пречи Република Српска. Поранешниот висок претставник Волфганг Петрич, кој учествуваше на конференцијата, Додик го нарече провинцијален лидер, кој смета дека ЕУ спроведува означена политика во БиХ. Тој дури смета дека во тоа свои прсти замешала Русија: помагајќи на Србите, Путин ја користи РС за да ја ослабе ЕУ. Брисел не сака да има работа со Додик и слични на него. Според ставот на Петрич, симпатизерите на Додик не сакаат да ги отстапат своите интереси за приклучување на ЕУ. Како што рече Петрич, меѓународната заедница ќе се труди да ја прекине оваа деградација последните години. Поради тоа е разгледуван специјален план на обновен приод на БиХ, реформи со меѓународно присуство во земјата. Меѓу новостите е и тоа на Русија да не се дозволи да врши влијание на Република Српска.

Раководството на РС е свесно за состојбата, тие се загрижени за ставот на Европа и нејзиниот необјективен однос кон разни политички сили во РС. За да го избегне политичкиот хаос, Додик на сите политички партии во РС предложи да настапат како единствен фронт, однапред договарајќи се за поделба на важните политички должности и парламентарните места.

Тоа би испратило јасен сигнал до европските структури за единство на политичките елити во РС и нивна цврста желба да ги одбранат интересите на РС во рамки на БиХ.

Ако на власт дојдат недоволно цврсти политичари, тоа може да помогне на реализацијата на западните идеи за единствена БиХ.

Опозицијата не го поддржа претседателот и 11 политички партии и невладини организации го основаа политичкиот блок Сојуз за промени. Меѓу важните компоненти на блокот се големите партии како што е Српската демократска партија, Партијата за општествен прогрес, Народното демократско движење, како и многу други. Сојузот ќе настапи на изборите како единствен политички блок со заеднички кандидати на местото претседател на РС, претставник на РС во Президиумот на БиХ. Милорад Додик потенцира дека опозицијата кога беше на власт имаше можност за реализација на својата програма, но тоа не го направи, идејќи на постојани отстапки на муслиманската страна, а сега во нивните планови нема ништо ново. Се работи за луѓе со стари идеи, омраза и желба за одмазда, а што е најважно без потенцијал.

Додик е на чело на Сојузот на независните социјалдемократи СНСД, кој на избори оди во коалиција со многу помали партии. Според резултатите од анкетите на јавното мислење, одржани во јули, предност меѓу гласачите за сега има СНСД (34%). За основната опозициска партија СДП би гласале 21% гласачи. Во преостанатите месец ипол до изборите судејќи според се ќе бидеме сведоци на сериозна политичка и информативна битка со учество (мешање) на претставници на меѓународни структури и некои земји. Целта на оваа кампања е да се лиши Република Српска од поддршката на Русија и да не дозволи Милорад Додик да биде повторно избран на должноста претседател на РС. 

07.09.2014 - 12:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега