Мега полициска акција - се апсат најголемите нарко босови
Акцијата се спроведува во соработка со Хрватска, Словенија, Црна Гора, Унгарија, Чешка, Холандија, Данска и Шведска. На територијата на Босна и Херцеговина и Словенија денеска започна голема полициска акција наречена "Глобал" копја се спроведува во девет европски држави против наркомафијата. Акцијата се спроведува во соработка со Хрватска, Словенија, Црна Гора, Унгарија, Чешка, Холандија, Данска и Шведска. Како што пренесува Дневен аваз, Министерството за внатрешни работи на Република Српска заедно со полицијата на кантонот Сараево, полицијата на Словенија и останатите, ја спроведува оперативна акција со име "Глобал", под надзор и координација на Обвинителството против организиран криминал и недозволена трговија со наркотични дроги. Со спроведување на оваа акција, откриени и фатени се организирани групи на луѓе од Словенија, Црна Гора и Босна и Херцеговина кои организирале нелегален меѓународен сообраќај на кокаин од територијата на Холандија и Данска, преку земјите од Централна и Источна Европа. Истовремено, користејќи ги истите канали за шверц, транспортирале марихуана од Црна Гора, преку Босна и Херцеговина и Словенија кон Западна Европа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа