Муфтијата од Санџак ја покажа својата војска среде Нови Пазар
Муфтијата од Санџак, Муамер Зукорлиќ, кој е познат по своите цврсти ставови против Србија и контраверзните изјави кога станува збор за војната на џихадистите во Сирија и Ирак, ја нарече Србија „тежина и вчера и денес“, пренесува порталот Индекс-онлајн.
- Тој во местото наречено „Хаџет“ ( аџилак) во Нови Пазар, каде што пред 70 години биле убиени многу Бошњаци, деновиве донесе околу 100 негови приврзаници со униформи и амблемот на Санџак (сличен на оној на Бошњаците за време на војната против Србите и Хрватите) - стои во написот.
Тие на главата носат црвен фес, а станува збор за млади лица, главно средношколци како и ученици од училиштата кои се под контрола на Зукорлиќ. Четириесет и четиригодишниот контроверзен муфтија Зукорлиќ, беше кандидат за претседател на Србија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа