Роднините ја исфрлиле вдовицата на починатиот брат, интервенирала полицијата

 

Во куќата на Милошевиќ, во селото Јоховец, во која старецот Саво го усмрти синот Стеван, татко на поранешен фудбалер, во понеделникот навечер ред морала да воспостави полицијата. Вдовицата на братот на Саво Милошевиќ, Андрија дошла во куќата да земе некои работи за кои смета дека им припаѓаат на нејзините деца, но на тоа се спротивставиле домашните.

Од полицијата соопштуваат дека нивните припадници се повикани поради нарушени фамилијарни односи. Наведуваат дека Даниела, сопругата на покојниот Андрија, дошла во куќата да земе некои работи за кои смета дека им припаѓаат на нејзините деца, како наследници.

На тоа се спротиставиле некои од најблиските роднини на Милошевиќ, по што интервенирала полицијата. Во куќата не се наоѓал познатиот поранешен фудбалер, туку неговата сестра Цвета и уште некои роднини.

 

 

05.11.2014 - 10:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега